Минатата година, една од најдобрите награди на CES му припадна на Dolby Vision IQ. Технологијата ги прошири постоечките спецификации на дисплејот, кои веќе го променија HDR излезот за да овозможат најдобар изглед на сликата во зависност од сцената, а во предвид беа земени условите за осветлување. На тој начин, содржината можеше да изгледа каква што била намерата.
Сега Samsung применува сличен пристап со својата HDR10+ технологија, која на сличен начин ги проширува основните HDR 10 функции преку енкодирањето на информации во зависност од засебните сцени. Претстојните QLED производи на Samsung, за кои се очекува да ја вклучуваат 4K линијата телевизори на компанијата, ќе поддржуваат HDR10+ Adaptive. На тој начин, Filmmaker Mode ќе го користи сензорот за светло на телевизорот за да ги прилагоди условите во просторијата каде што се наоѓа телевизорот.
Бидејќи Samsung и Dolby не се подготвени да постигнат договор за вклучување на Dolby Vision HDR технологијата во производите на Samsung, ова значи дека преку HDR10+ Adaptive, корисниците ќе имаат барем верзија на ова решение на која ќе можат да се потпрат, кога ќе ja користат поддржаната содржина.