Многу корисници на апликацијата WhatsApp се одлучија да ги избришат своите профили, а најмногу „благодарение“ на новите правила за податоците кои ги донесе Facebook.

Да потсетиме, WhatsApp пред неколку дена ги извести корисниците дека наскоро ќе дојде до промена во политиката, кога станува збор за приватноста.

Во принцип, луѓето кои ја користат ќе мораат да дадат согласност за споделување на податоците со Facebook. За работите да бидат уште полоши, профилите ќе им бидат избришани на сите корисници кои нема да дадат согласност за тоа, а потоа „согласноста“ нема многу смисла.

Новото ажурирање ќе биде објавено на 8. февруари, а за податоците да се споделат со Facebook, не е потребно да имате профил на социјалната мрежа.

Како што пренесува Sensor Tower, давајќи ги податоците што би го поддржале ова тврдење, многумина решиле да го избришат својот профил на WhatsApp и да се префрлат на конкурентни апликации, затоа што беа објавени промените во политиката за приватност.

Во исто време, WhatsApp, кој до неодамна владееше со светот на апликациите за допишување, имаше „само“ 1,3 милиони преземања од 6. до 10. јануари. Ако го преведеме во проценти, тоа е пад од приближно 35 проценти во однос на претходните пет дена.

Поради тоа, Telegram доби 1,5 милиони нови корисници од 6. до 10. јануари, што претставува зголемување од околу 15 проценти.

Најголем раст во преземањата, сепак, забележа апликацијата Signal. Од 1. до 5. јануари забележа само 24.000 преземања, а од 6. до 10. јануари дури 2,3 милиони, што е пораст од неверојатни 9.483 проценти.

Извор: B92.net