Sony испорача 3,4 милиони PlayStation 5 конзоли во првите четири недели од објавата на уредот. Тоа ја сместува најновата конзола пред резултатите што ги остварија PS4, Xbox One и Nintendo Switch во текот на нивниот прв месец на објавување.

Се сугерира дека Microsoftove Xbox Series X/S конзолите се продадени во преку два два милиона, но се истакнува дека овој број ги претставува испорачаните, а не купените конзоли од крајните корисници.

Главната причина зошто Sony е лидер во испораката е раното производство, што значи дека компанијата имала на располагање повеќе копии од конзолите пред пуштањето во продажба.

Sony има за цел да испорача помеѓу 16,8 и 18 милиони PlayStation 5 конзоли во 2021 година, со што моделот би сталал најуспешна конзола на компанијата досега.