И покрај производството на сензори за камери за речиси сите главни паметни телефони, Sony Xperia смартфоните отсекогаш малку заостанувале во сегментот на камерите, посебно во последните неколку години. Тие, исто така, не успеаја да привлечат клиенти, и покрај импресивните спецификации. Компанијата имаше поинаков пристап кон паметните телефони со својот Xperia PRO од 2.500 долари претходно оваа година, рекламирајќи го како додаток за фотографите и видеографите. Девет месеци подоцна, Sony се обидува повторно, иако малку поинаку со Sony Xperia PRO-I, кој има масивен 1-инчен камера сензор и леќа со променлив отвор на бленда f/2-f/4 во атрактивен пакет.

Иако Xperia PRO-I не е првиот паметен телефон кој е лансиран со камера сензор од 1 инч или објектив со променлив отвор на блендата, тој е првиот што ги има и двете. Sony користи прилагодена верзија на 1-инчниот RX100 VII сензор што може да снима фотографии од 12 MP со големина на пиксели од 2,4. Тенката стаклена Zeiss леќа се наоѓа пред камерата и обезбедува високи оптички перформанси. Телефонот комбинира автофокус со детекција на фаза со автофокус на очите во реално време. Исто така, нуди континуирано снимање со голема брзина со AF/AE следење при 20 fps.

За селфи фотографии, на предната страна се наоѓа 8MP f / 2.0 камера. Можностите за с  за снимање видео на Xperia PRO-I се подеднакво импресивни, бидејќи може да снима 4K видеа при 120 fps!

Останатите спецификации на Xperia PRO-I се исто така импресивни. Поседува 6,5-инчен 4K HDR OLED екран со брзина на освежување од 120Hz и touch sampling од 240Hz. Во рамките на телефонот се наоѓа Snapdragon 888 чип, заедно со 12 GB RAM и 512 GB UFS 3.1 меморија, која може дополнително да се прошири преку microSD картичка. Батеријата од 4.500 mAh го напојува телефонот со поддршка за брзо полнење од 30W. Sony тука успеа да смести дури и 3,5 мм аудио приклучок, стерео звучници и поддршка за Dolby Atmos. Сето ова е спакувано во IP68 сертифицирано тело со дебелина од 8,9 мм, кое е тешко 211 грама.