Купувањето на конзолата PlayStation 5 се уште е во доменот на научната фантастика за најголем број клиенти, бидејќи недостатокот на делови сериозно го забавува нивното производство. Поради тоа, Sony Interactive Entertainment одлучи да продолжи да ја произведува конзолата PS4 во 2022 година.
Првично беше планирано компанијата да го прекине производството на оваа конзола на крајот на 2021 година, со цел да се направи доволно простор за продажба на конзолата PS5. Сепак, логистичките и производствените проблеми доведоа до промена на плановите, така што конзолите PS4 сè уште ќе бидат присутни на полиците на продавниците. Еден милион PS4 конзоли се очекува да бидат произведени во 2022 година, што донекаде ќе ја надомести побарувачката.
Со оглед на тоа што побарувачката за PS5 конзолите е огромна, а на пазарот се појавуваат „на лажица“, оваа одлука има деловно оправдување. Се верува дека многу потенцијални купувачи на PS5 конзолата ќе одлучат да ја купат верзијата PS4, наместо да чекаат уште еден месец за новата конзола. На крајот на краиштата, една од најпродаваните конзоли на Sony не заслужи толку нагло да исчезне од пазарот. Ова одложување на прекинот на производството сигурно ќе му го продолжи животот за уште неколку години, бидејќи клиентите кои сега ќе се одлучат за него, сигурно нема да се префрлат на PS5 (или понова конзола) барем некое време.