Елон Маск и војската на Соединетите Американски Држави планираат да изградат ракета која во рок од еден час ќе може да достави 80 тони оружје речиси на било која локација во светот.

Според договорот помеѓу компанијата Space X на Елон Маск и американската армија, почетните тестирања на оваа ракета ќе започнат во 2021. година, потврди американскиот генерал Стивен Лајонс.

Патувањето од Флорида до Авганистан од 12,300 километри со оваа ракета ќе трае само еден час. Само за споредба, американскиот „C-17 Globemaster“, воено транспортен авион кој чини 218 милиони долари, со максимална брзина од 950 километри на час, би го завршил ова патување за околу 15 часа.

„Замислете преместување на товар еквивалентен на тој од авионот „C-17“ било каде во светот за помалку од еден час. Можам да ви кажам дека SpaceX брзо напредува на ова подрачје. Навистина сум возбуден поради нашиот тим кој работи заедно оваа компанија“, изјави Лајонс.

Уште една авионска компанија Exploration Architecture Corporation (XArc), исто така, ќе биде дел од истражувачката програма на развој на новата американска ракета која ќе ѝ донесе неверојатна предност на американската армија во однос на конкурентите.

SpaceX, компанија која во 2002. година ја основаше Елон Маск веќе ја разви ракетата Falcon 9 за повеќекратна употреба која може да пренесува товар од 22 тони.

Новиот план на Маск доаѓа неколку дена откако SpaceX потпиша договор со Пентагон за изградба на сателити за следење на проектили вреден 149 милиони долари.

Извор: Klix.ba