Spotify минатиот месец најави планови за ширење на 80 нови пазари, со најголем фокус на териториите на Африка и Средниот Исток. Како дел од таа најава, Spotify вети дека ќе овозможи поддршка за 36 дополнителни јазици.

Сега компанијата го исполни ова ветување и објави дека корисниците на сервисот на мобилните уреди добиваат поддршки за нови јазици. Меѓу новите јазици, кои сега се поддржани е и српскиот, а од земјите од опкружувањето, поддржани се и хрватски, бугарски, романски, како и словенечки јазик.

Компанијата додава дека најновиот додаток е дел од напорите да се креира екосистем на звук без граници. Во февруари е најавен нов тип на претплата, кој вклучува квалитет на звук без пречки на компатибилните уреди. Новата понуда го носи името Spotify HiFi и поддржува телефони и други уреди со Spotify апликацијата, како и звучници кои поддржуваат Spotify Connect.