Во текот на претходните недели, можевме да видиме информации за Microsoft Surface Duo 2, кои открија нов троен систем на камери од надворешната страна на телефонот. Сега се појавија докази дека следниот Surface Duo ќе го покренува премиум чипсет.
Новиот уред се појави на Geekbench, а резултатите укажуваат на премиум чипсет Snapdragon 888. Уредот оствари 1.091 поен во single-core и 3.517 во multi-core тестот. За споредба, Samsung Galaxy Z Fold3 5G постигна 979 и 3441 поени на овие тестови – на иста бенчмартк апликација и со ист чипсет.
Surface Duo 2 е тестиран со Android 11, а комбиниран е со 8 GB RAM меморија. Се очекува Microsoft да ја подобри батеријата на уредот, камерите и да користи поголем дисплеј за новиот Surface Duo 2.
Покрај наведеното, се очекува поддршка за NFC, lift to wake, повисоки стапки на освежување, додека системот на камерати на задната страна ќе се состои од 12MP главна камера, телефото камера и ултра-широк сензор.