Telegram можеби не е толку распространета како WhatsApp, но се обидува да и парира на конкуренцијата со уште една нова функција.

Деловните корисници сега можат да го додадат Telegram како опција за комуникација доколку нивните клиенти сакаат да им кажат нешто.

Сите сметки на Telegram може да се претворат во деловни сметки и да добијат функции што ќе им овозможат на нивните корисници полесно да дојдат до нив.

На својот профил ќе можат да го напишат своето работно време, а на мапата ќе можат да ја закачат и локацијата.

Покрај тоа, тие ќе можат да ги уредуваат своите почетни страници и да прикажуваат информации за нивните производи или услуги на празните чатови.

Деловните сметки на Telegram, исто така, ќе можат однапред да ги подготват одговорите што ќе ги испратат до клиентите, вклучувајќи ги и честитките.

Важно е да се напомене дека оваа опција може да ја користат само корисниците на Telegram Premium, кои плаќаат по пет долари месечно за нивните сметки да не станат „обични“.