Два Xiaomi Redmi K40 телефони и уред што делува како Mi 10 Ultra, се појавија на TENAA сајтот, но без информации за спецификациите. Сега страниците за уредите се освежени и ги вклучуваат главните спецификации на двата модела.

Redmi K40 телефоните, со ознаките на моделите M2012K11AC и M2012K11C, ќе имаат 6,67-инчни AMOLED панели, со сензори за отпечатоци најверојатно лоцирани под дисплејот. Минималниот капацитет на батеријата е наведен како 4420mAh, така што се очекува батерија од 4500mAh. Два телефони од самиот старт користат Android 11.

Новиот Mi 10 телефон има ознака на модел M2102J2SC и можно е да станува збор за Mi 10 Ultra. Се работи за 6,67-инчен AMOLED дисплеј, додека батеријата има минимален капацитет од 4680mAh, што значи дека може да има типичен капацитет од 4800mAh.