Според најновиот блог пост, корисниците на овој Unpacked настан може да очекуваат револуционерни уреди кои ќе имаат карактеристики на Galaxy Note паметните телефони

TM Roh, претседател и раководител на секторот за мобилни комуникации во Samsung Electronics, во своето најново обраќање кон јавноста, најави што може да се очекува од претстојниот Galaxy Unpacked: Get Ready to Unfold, што ќе се одржи на 11 август 2021 година во 16 часот на официјалниот YouTube канал какo и на веб-страницата на компанијата. Во својата објава, TM Roh навраќајќи се на претходната година, истакнува дека компанијата ја разви својата серија Galaxy Z паметни телефони кои ќе го променат концептот за тоа како го доживуваме паметниот телефон и ќе донесе целосно ново корисничко искуство. Во објавата , тој изјави дека Samsung продолжува да се фокусира на епското искуство со камерата, врвната технологија, долготрајното траење на батеријата и силната заштита.

„Додека ги истражуваме сите начини да им го обезбедиме на корисниците само најдоброто, често знаеме да се најдеме на неистражена територија. Кога ја лансиравме серијата Galaxy Fold паметни телефони, создадовме сосема нова категорија на уреди, но не застанавме тука. Продолживме со Galaxy Z Fold2 и Galaxy Z Flip иновациите со карактеристики што корисниците ги препознаваат и сакаат“, напиша ТМ Roh, возбудливо нагласувајќи ја претстојната трета генерација на паметни телефони и одличните повеќенаменски можности и издржливост.

TM Roh исто така ја истакнува соработката со индустриските лидери како Google и Microsoft, што резултираше во безбедна и оптимизирана технологија за секојдневното брзо темпо. „Континуирано развиваме најсовремени безбедносни решенија во соработка со клучните партнери за да ги заштитиме уредите и приватноста на секој наш корисник. На тој начин, безбедно ќе можат да се користат сите апликации и податоци“, рече ТМ Roh.

Започна ново поглавје на иновации

Објавувајќи што можеме да очекуваме од следниот Unpacked, TM Roh исто така ги коментираше сериите Galaxy Z Fold и Z Flip паметни телефони, и што сѐ тие овозможија во текот на изминатите години од својот развој: „Galaxy Z Fold комбинира сè што сакаме од паметните телефони и таблети. Носи сосема нов начин на работа, поврзување и креирање содржина. Од друга страна, Z Flip носи стилска привлечност чиј дизајн се состои од издржливи, нови материјали. Затоа на Unpacked ќе претставиме неколку нови изненадувања за овие паметни телефони, вклучително и S Pen специјално дизајниран за  паметните телефони на преклопување “.

Она што е интересно да се истакне се и зборовите на ТМ Roh во врска со Galaxy Note серијата, каде тој објасни дека наместо вообичаеното претставување на Galaxy Note паметните телефони за овој период од годината, новите уреди ќе донесат Note карактеристики кои се проширени на повеќе Galaxy уреди.

Дали добро е  доволно добро?

Во согласност со претстојниот Unpacked – Get Ready to Unfold виртуелен настан, Samsung започна со специјална outdoor рекламна кампања мотивирана од слоганот „Дали добро“ е доволно добро?“, поканувајќи ги корисниците да го откријат одговорот на тоа прашање. Кампањата служи за да ги охрабри корисниците да размислат дали се навистина задоволни од нивните сегашни паметни телефони, а најдобар одоговор на ова прашање може да даде токму Unpacked на 11 август.

Samsung Galaxy Unpacked 2021: Get Rady to Unfold  ќе се емитува виртуелно на 11.08.2021 во 16:00 часот преку YouTube каналот на линкот: www.youtube.com/samsung, како и официјалната web страна www.samsung.com.