Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC) е водечки производител на полупроводници во индустријата, а компанијата од оваа година би требало да почне со производство на чипови во 3nm процес.
Додека Samsung, кој спаѓа меѓу трите водечки производители на полупроводници, имаше проблеми во текот на пандемијата и го одложи 3nm производство за 2022. година, TSMC ќе успее процесот да го испорача во текот на оваа година. Според информациите од Тајван, компанијата ќе го понуди 3nm процес за втората половина на годината, но не е објавен датумот на почеток на масовното производство.
Се очекува дека TSMC ќе испорачува 30.000 вејфери месечно за новиот процес, а капацитетот ќе се зголеми на 105.000 во текот на 2023. година. Еден од најголемите клиенти на TSMC за претстојните 3nm чипови е Apple.






