Twitter ја тестира можноста целосно да блокира спомнувања или да ги ограничи само на следбениците на сметката.
Една од покорисните работи за Twitter е тоа што можете да допрете до секој јавен корисник со брзо „@ mention“ (спомнување) на неговото корисничко име.
Една од најлошите работи за Twitter е тоа што оваа функција може многу брзо да се злоупотреби. Сепак, се чини дека Twitter работи на начин да ги контролира тие спомнувања на корисници.
Twitter is working on letting you control who can mention you on Twitter pic.twitter.com/UemMCGcy70
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) October 13, 2022
Според истражувачот Џејн Манчун Вонг, Twitter ја тестира можноста за целосно блокирање „@ mentions“ или нивно ограничување на луѓе кои веќе го следат корисникот.
Претставник на Twitter претходно потврди дека функцијата е во фаза на работа, но таа потврда подоцна беше избришана.
Давањето поголема контрола на корисниците врз онлајн спомнувањата е во согласност со другите неодамнешни безбедносни промени што Twitter ги имплементираше, како што се ограничување на одговорите и можноста за бришење на вашето @ mention од темата на разговор.
Новата функција ќе обезбеди подобрено корисничко искуство на интернет, особено за оние кои можеби ќе се најдат на мета на тролови.