Компанијата додаде „имерзивно“ видео во својата услуга, како и препораки за видео во својот дел „Explore“.
Видео содржината на Twitter сега многу ќе личи на TikTok. Компанијата објави дека се префрла на „имерзивен“ видео плеер на цел екран за гледање клипови.
Исто така, позајмен е гестот „swipe up“ кој ќе им овозможи на луѓето бескрајно да се движат низ голем број видеа на платформата.
Ажурирањето ќе направи гледањето видеа на Twitter да се чувствува слично на искуството што го имаме кога бараме видеа на TikTok или Instagram Reels, барем кога станува збор за корисничкиот интерфејс.
Овие промени засега се ограничени на апликацијата Twitter iOS, но компанијата најавува дека слична надградба ќе пристигне и на Android во наредните недели.
Покрај тоа, Twitter тестира и промена која треба да привлече повеќе корисници да гледаат видео содржини на оваа платформа.
Се експериментира со нов дел за препораки за видео на страницата Twitter Explore. Тие предлози ќе бидат достапни за корисниците во одредени земји.