Социјалната мрежа Twitter објави дека тестира опција која ќе им овозможи на корисниците да пријавуваат содржини базирани на лажни вести.
„Тестираме опција која ќе ви овозможи да означите твитови за кои мислите дека содржат лажни вести, во моментот кога ќе ги видите“, соопштија од компанијата.
Некои корисници во Соединетите држави, Јужна Кореја и Австралија засега можат да ја изберат опцијата „ова е лажно“, а Twitter наведува дека започнува со помали размери за да процени дали е тоа ефективен пристап.
Прашањето за дезинформации околу Ковид-19 и вакцините достигна такви размери што американскиот претседател Џозеф Бајден во јули дури оцени дека Фејсбук и другите платформи „убиваат“ луѓе со тоа што дозволуваат да циркулираат лажни вести за болеста и вакцинацијата.