Jane Manchun Wong, која се занимава со истражување на апликации, откри анимација за „undo send“ функцијата на Twitter, која ни дава досега најдобар увид во тоа како би можела да работи оваа опција.
Интерфејсот го покажува „Your Tweet was sent” дијалогот на новото „undo“ копче. Undo копчето служи и како поле кое покажува колку време има корисникот на располагање пред твитот да биде испорачан. Gmail нуди слична опција за мејлови, со кратка временска рамка за запирање на испраќањето пораки по притискање на „send“ копчето.
Twitter is working on “Undo Send” timer for tweets pic.twitter.com/nS0kuijPK0
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) March 5, 2021
Опцијата „undo send“ беше предмет на гласини во рамките на претплататата на Twitter, а прв пат беше спомената во истражувањето на пазарот минатата година. Претходно оваа година, Bloomberg сугерираше дека Twitter истражува опции за платена претплата на својот сервис, за да го намали потпирањето на заработка од рекламирањето.
Претплатата би можела да вклучува пристап до функциите како што е „undo send“, опциите на прилагодување на профилот и друго. Bloomberg известува дека Twitter истражува начини на кои корисниците би можеле да им плаќаат едни на други за пристап до ексклузивни содржини, а во прашање e Super Follows функцијата.