Во текот на оваа година се очекуваат нови USB-C кабли и уреди, кои ќе ја поддржат новата USB спецификација. Според неа, USB-C ќе биде способен да поддржува 240 W, што е повеќе од двојно поголема вредност од сегашните USB-C кабли, кои поддржуваат „само“ 100 W. Ова во пракса ќе значи дека USB-C ќе може да биде се користи за напојување на гејминг лаптопи, приклучни станици, 4K монитори и печатари.
Исто така, се очекува да се прошири бројот на производи кои ќе имаат поддршка за USB-C. Овие кабли ќе бидат достапни во втората половина на годината. За да се разликуваат од постоечките, новата 240 W USB-C варијанта е именувана како „Extended Power Range“ (EPR), а производите и каблите ќе имаат посебна икона која означува дека се поддржани 240 W. Сегашните кабли ќе бидат именувани “Standard Power Range” (SPR). EPR каблите ќе можат да се користат со сите уреди, а SPR само со постарите уреди со кои работат дури и сега.
Сето ова е заведено во USB Power Delivery Revision 2.1 спецификацијата, објавена во четвртокот. Во неа се дадени совети до производителите за тоа како да избегнат искри и да создаде електричен лак помеѓу USB-C кабелот и приклучокот во уредот, при исклучувањето на кабелот.