Речиси десет години откако претстави Linux гејминг PC со можности на играчките конзоли под името Steam Machines, компанијата Valve наводно развива рачен гејминг компјутер сличен на рачната играчка конзола Nintendo Switch.

Некои доверливи извори тврдат дека Valve работи на уред со екран осетлив на допир, тачпад, копчиња, прекинувач, кој ќе користи Linux и низа посебно оптимизирани Steam наслови. Уредот би требало да има можност за докинг, како и Nintendo Switch, а тоа наводно ќе се врши преку USB-C порт. Уредот се очекува пред крајот на оваа година.

Се чини дека преносниот гејминг компјутер ќе се вика SteamPal или Neptune.