Компанијата на сер Ричард Брансон Virgin Orbit успешно лансираше сателити за американската вселенска агенција NASA.
Неколку месеци по неуспешниот обид, Virgin Orbit ја исполни задачата и ги испорача сателитите на NASA во орбитата со својата ракета.
Модифицираниот Boeing 747 полета од космодромот во пустината Мохаве и ја понесе ракетата, а откако ја достигна саканата висина, ракетата беше лансирана и активирана. Потоа полета во орбитата каде ги испорача споменатите сателити.
Today’s sequence of events for #LaunchDemo2 went exactly to plan, from safe execution of our ground ops all the way through successful full duration burns on both engines. To say we’re thrilled would be a massive understatement, but 240 characters couldn’t do it justice anyway. pic.twitter.com/ZKpoi7hkGN
— Virgin Orbit (@Virgin_Orbit) January 18, 2021
Virgin Orbit со години развива метод за лансирање ракета од воздух, а од 2018 година спроведува тестови. Првиот вистински тест извршен во мај не беше успешен – авионот полета правилно, ракетата беше исфрлена и главниот мотор беше активиран, но не стигна до орбитата поради проблеми со снабдувањето со течен кислород.
Системот оттогаш беше променет и тестиран, а резултатот е успешна мисија.
Извор: Klix.ba