Компанијата Visa дозволи употреба на крипто валути за порамнување на трансакции во својата платежна мрежа, преку stablecoins на американскиот долар (USDC). Процесот е овозможен преку платформата Ethereum, една од најактивно користените blockchain платформи со отворен код. Овој проект се наоѓа во пилот фаза што Visa ја спроведува во партнерство со Crypto.com, најголемата крипто платформа во светот, а во план е можноста за порамнување преку stablecoins да им биде понудена на други партнери подоцна оваа година.   

Поддршката за дигиталните валути претставува важен чекор напред во стратегијата за развој на компанијата Visa, со цел да се продолжи со подобрување на сите форми на движење на парите, како во рамките на Visa мрежата, така и пошироко. Водејќи грижа за своето глобално присуство и сигурноста на брендот, Visa е насочена кон создавање додадена вредност во платежниот екосистем и кон правење крипто валутите да се побезбедни, покорисни и поприменливи за плаќање.  

Во претходната година, Visa работеше на создавање услови за воведување на дигитални валути во рамките на постоечката платформа, во рамките на која секојдневно се врши промет од милијарди долари, од преку илјада институции, на повеќе од 200 пазари и во 160 различни валути. Во соработка со Anchorage, ексклузивниот Visa партнер за порамнување на дигитални валути, Visa започна пилот проект кој овозможува преку Crypto.com компанијата Visa да плаќа со stablecoins за да го порамни делот од своите обврски во рамките кон Crypto.com со Visa програмата за картички. 

Стандардната постапка за порамнување на компанијата Visa подразбира дека партнерите своите обврски ги извршуваат во традиционалната валута, што може да предизвика дополнителни трошоци и потешкотии за компаниите изградени на дигитални валути. Способноста да се сместат во stablecoins (USDC), според тоа, може да им помогне на Crypto.com и другите матични крипто компании да размислат за користење нови деловни модели без користење на традиционални валути. Подобрувањето на Visa трезорот и интеграцијата со платформата Anchorage, банката за дигитални средства, исто така ја зајакнуваат способноста на компанијата Visa директно да ја поддржува новата дигитална валута на централната банка (ЦБДЦ) кога ќе се појави во иднина.

“Авоторските крипто fintech компании сакаат партнери кои го разбираат нивниот бизнис и сложеноста на дигиталната валута,” изјави Џек Форстел, извршен потпретседател и директор за производите во компанијата Visa. “Оваа најава претставува пресвртна точка во нашите напори да одговориме на потребите на fintech кои работат со stablecoins или крипто валути, што е само продолжение на она што го правиме секој ден, а тоа е плаќањата во различни валути низ целиот свет да ги направиме поедноставни.”

Крис Марслек, ко-основачка и извршна директорка на Crypto.com истакна: “Забележавме рекорден раст на бизнисот во последната година. Со цел да продолжиме да ја забрзуваме транзицијата кон крипто валутите, потребни ни се партнери кои ја разбираат можноста и алатките што ќе ни помогнат побрзо и поефикасно да излеземе на пазарот. Бидејќи веќе неколку години сме партнери со компанијата Visa, драго ни е што заедно започнуваме еден возбудлив свет на stablecoins плаќања.” 

“Anchorage платформата е специјално дизајнирана за институции како компанијата Visa, за да можеме да градиме нови крипто производи. Бевме заедно со компанијата Visa уште од 2019 година и драго ни е што можеме да видиме како првите stablecoins плаќања оживуваат преку Anchorage апликацискиот програмски интерфејс (API),” изјави Диаго Моника, ко-основач и претседател на Anchorage. 

Дејвид Пут, директор на компанијата Centre, кој го надгледува лиценцирањето на stablecoins на американскиот долар (USDC), изјави: “Visa го предводи пазарот со својот иновативен пристап за плаќањата во многу форми. Импресионирани сме од нивните напори. Присуството на монети од американски долар на Visa мрежата е извонреден чекор напред во нашата мисија да го поврземе светот преку stablecoins изградени според стандардите на нашата компанија, почнувајќи од USDC.”