Гласините од порано сугерираа дека Vivo S9 ќе биде претставен на 6. март, но кинеската компанија сега објави официјален видео тизер кој открива претходен датум на објава, а тоа е 3 март.
Vivo S9 се очекува да биде првиот телефон што ќе биде објавен со Dimensity 1100 чипсет, а според TENAA листата ќе има три камери на задната страна и Android 11 од самиот старт, со Origin OS интерфејс. Наведена е батерија од 3905mAh, со типичен капацитет од 4000mAh.
Претходните информации го споменуваа и постоењето на моделот Vivo S9e, кој би требало да биде поевтина алтернатива на S9. Телефонот ќе го задржи 6,44 инчниот OLED екран како кај стандардниот модел, но ќе го покренува поевтиниот Dimensity 820 чипсет.
Се сугерира дека Vivo S9 и Vivo S9e ќе имаат поддршка за 33W брзо полнење преку USB-C порт.