Vivo ја претстави X70 серијата телефони во Кина, а линијата ја сочинуваат три модели: Vivo X70, Vivo X70 Pro и Vivo X70 Pro+. Првите два модела се многу слични, а главните разлики се чипсетот и бројот на камери на задната страна.

Vivo X70 и Vivo X70 Pro имаат 6.56-инчен AMOLED екран, со 120Hz освежување. Кога е во прашање чипсетот, X70 Pro користи Exynos 1080 додека Vivo X70 ќе го покренува MediaTek Dimensity 1200 чип.

На полето на камери, X70 на задната страна има 40MP главен сензор, 12MP ултраширок и 12MP telefoto со 2x оптички јуни. Сензорите се понови и ветуваат подобрување на квалитетот на сликата во однос на претходниот Vivo X60 модел.

Кога станува збор за Vivo X70 Pro, овој телефон има 50MP главна камера и идентичен 12MP ултраширок и 2x телефото сензори. Додаток е четвртата камера со 8MP сензор и перископ објектив со 5x оптички зум. Тука е и Vivo V1 ISP, кој би требало да ја подобри брзината на фокусирање и квалитетот на фотографиите.

Интересно е дека главните камери на овие телефони го користат истиот Sony IMX766V сензор. Батеријата доживеа значително подобрување во однос на претходната линија, па така X70 и X70 Pro поддржуваат 44W брзо полнење за своите батерии од 4400mAh и 4500mAh.

Vivo X70 и X70 Pro се достапни преку сајтот на компанијата, во црна, бела и Nebula градиент боја. Повеќе деталу за меѓународната достапност на овие два уреда се очекува во текот на денешниот ден.