Додека светот се подготвува да влезе во ерата на електрични автомобили, времето на рачни менувачи полека истекува.
Некои производители планираат да го прекинат производството на автомобили со мануелен менувач пред да преминат на целосно електрична понуда, а Volkswagen, исто така, се чини дека му пресудил на рачниот менувач, барем според германскиот магазин Auto Motor und Sport.
По скапата афера Дизелгејт и во пресрет на скапата иднина на електричната енергија, VW сака да ги намали трошоците повеќе од кога било досега, а еден начин е да се поедностави понудата на фабриката. Затоа, германскиот гигант се свртува кон автоматскиот менувач DSG и се откажува од мануелниот, а овој постепен процес ќе започне во 2023 година.
Следната генерација автомобили сепак ќе има бензински и дизел мотори, но не и трета педала. Новиот компактен кросовер Tiguan ќе се појави на пазарот во 2023 година и се верува дека ќе се нуди исклучиво со автоматски менувач. Истото ќе се случи и со обновениот Passat кој доаѓа истата година, но во случајот со овој модел клиентите веројатно ќе можат да добијат само караван.
Списанието наведува дека рачниот менувач од понудата на Volkswagen ќе исчезне до 2030 година. Оваа политика најверојатно ќе влијае и на другите брендови во групата VW, односно Škoda, SEAT и Audi.
Со оглед на најавите дека следниот Passat ќе доаѓа само со автоматски менувач, ова може да се однесува и на следната генерација на Superb моделот на Škoda, бидејќи тие делат иста платформа и ќе се произведуваат заедно во фабрика во Братислава, главниот град Словачка.
VW ја потврди деветтата генерација на Golf, така што се очекува и новите Octavia и Leon да го загубат куплунгот.
Извор: Klix.ba