WhatsApp подготвува промена која ќе ви помогне да ја персонализирате апликацијата како што ви одговара.

Имено, новата верзија на WhatsApp за Android (2.24.17.19) ќе ја тестира можноста корисниците да избираат теми за своите разговори.

Како што пишуваат специјализираните портали, промената на темата за разговор ќе се врши од менито, а корисниците ќе можат да ги избираат боите на пораките, како и позадината.

Оваа функција веќе постои за Facebook Messenger, кој исто така е во сопственост на Meta како и WhatsApp – па ако имате Messenger, знаете што да очекувате.

Имајќи предвид дека вообичаено е потребно извесно време пред функциите кои се во фаза на тестирање всушност да станат глобално имплементирани, веројатно ќе треба да почекаме пред оваа функција да биде достапна за сите.

Сегашните прогнози се дека би можел да пристигне на крајот на годината, но бидејќи WhatsApp сè уште не објави ништо официјално, ќе треба да почекаме уште малку.