WhatsApp за Android ја освежи својата лента за навигација, која сега е поместена и е поблиску до вашите прсти.

Популарната апликација WhatsApp изминативе неколку недели тестираше ново поле за навигација, а новата надградба сега е достапна за сите корисници на апликацијата на Android.

Во својата објава за X платформата, WhatsApp истакнува дека со новиот дизајн на корисниците им овозможиле полесен пристап до работите што им се потребни, ја доближиле навигацијата до нивните палци и им го олесниле прегледот.

Новото поле за навигација сега се наоѓа на дното на екранот и има четири секции: Chats, Updates, Communities и Calls.

Новина е што корисниците сега можат да го влечат прстот на екранот налево или надесно, со што се префрлаат на саканиот дел (покрај класичната навигација со кликнување на делот).