Добро познатата апликација за пораки ќе добие некои смели промени во корисничкиот интерфејс.

WhatsApp постојано се менува и додава функции, но неговиот дизајн остана горе-долу ист во последните неколку години. Корисничкиот интерфејс е една од константите на WhatsApp која, на изненадување на многумина, наскоро ќе се промени. Судејќи според најновата бета 2.23.18.18, објавена на Google Beta програмата, ќе добиеме неколку нови работи.

Првото нешто е горното мени, кое ќе ја отстрани зелената нијанса и ќе ја замени со бела. Друга промена на таа лента воведува нов фонт кој, пишува WaBetaInfo, ќе стане зелен.

Другото нешто што ќе се промени е долната лента, каде што сè уште ќе имаме разговори, статуси, заедници и повици. Промената на дизајнот на долната лента е нешто што тестерите го забележаа уште во бета верзијата 2.23.13.16.

Друга важна работа што ќе дојде се филтрите во листата на разговори. Се чини дека корисниците ќе добијат опција да ги филтрираат разговорите во „сите, непрочитани, лични и деловни“. Како што беше случајот со долната лента, оваа функција беше откриена во претходните бета верзии, поточно верзијата 2.23.14.17.

Покрај ова, WhatsApp ќе воведе слични промени во iOS верзијата на апликацијата, обединувајќи го корисничкиот интерфејс на платформите Google и Apple.

Во овој момент, не е познато дали воопшто ќе се случи редизајнот на WhatsApp. Веста дојде две недели откако WhatsApp ја претстави најновата функција, поддршка за HD фотографии, која, потсетуваме, е достапна на Android и iOS.