Корисниците на популарната чет апликација, WhatsApp во многу земји пријавија проблеми при комуникацијата.

Најголем број поплаки се од корисниците во Европа (Шпанија, Франција, Италија, ГЕрманија, Белгија, Велика Британија) и низа држави во Јужна Америка (Мексико, Бразил, Аргентина, Перу). Во Русија најчесто се жалат граѓаните на Москва.

Околу 96 проценти од клорисниците на WhatsApp изјавиле дека не можат да се поврзат со серверот, додека три отсто пријавиле пад на страната.

Пад е забележан и на најголемата платформа за видеосодржини YouTube, 61 процент пријавиле неможност за гледање видеа, 34 отсто имале проблеми со вчитување на страницата, а четири проценти немале пристап.

Проблеми се пријавени и со Telegram, при што 86 проценти пријавиле дека неможат да се поврзат со мрежата, а 13 отсто дека не можат да објават содржина.