WhatsApp е една од најпопуларните платформи за размена на пораки ширум светот, а и натаму константно расте и се унапредува. Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг во текот на оваа недела објави дека WhatsApp сега испорачува речиси 100 милијарди пораки секјој ден. Тоа подоцна го потврди и шефот на WhatsApp одделението, Вил Каткарт.

Рекордот од 100 милиони испратени пораки, WhatsApp го оствари во текот на претходната новогодишна ноќ, но во меѓувреме популарноста на платформата и ангажирањето на корисниците доживеа голем раст. Сега секој ден во просек се разменуваат блзу 100 милијарди пораки на платформата.

Само за споредба, во текот на 2014. година, на WhatsApp се разменуваа 50 милијарди пораки дневно, со корисничка база од 500 милиони. Шест години подоцна, WhatsApp има преку две милијарди корисници, а најголемата пазарна покриеност е во Индија.

WhatsApp веќе извесно време се бори против ширењето на дезинформации, а последните неколку месеци компанијата презема значајни чекори на оваа поле. Во август е покрената нова алатка, под името „Search the web”, која на корисниците им овозможува брзо да пронајдат информации за примени линкови од веб. Апликацијата, исто така, го лимитираше бројот на високо препратени пораки на само едно лице или група во ист момент.