Напорите на Microsoft да го популаризира оперативниот систем Windows 10 се исплатеа, бидејќи е доминантен на компјутерите, но старата „седмица“ се уште живее.
Податоците покажуваат дека 61,26 отсто од компјутерите поврзани на интернет го користат Windows 10, но дека Windows 7 и натаму е популарен, иако поддршката за него е укината уште во јануари.
Уделот на Windows 10 на пазарот продолжува да расте, во август изнесуваше 60,57 проценти, а сега изнесува 61,26 одсто. Овие бројки се однесуваат само на компјутерите поврзани на интернет.
Windows 7, исто така, бележи раст на бројот на корисниците, така што неговиот удел на пазарот изнесува 22,77 проценти во однос на 22,31 отсто минатиот месец. Ова покажува дека корисниците на Windows 7 се уште не се уверени дека треба да се откажат од стариот и да го прифатат новиот оперативен систем.
При користењето на Windows 7 се крие опасност, со оглед на тоа дека Microsoft повеќе не пружа поддршка, така што корисниците се изложени на ризик.