Вообичаено со секоја нова верзија на Windows, Microsoft претставува и редизајниран кориснички интерфејс.

Некои од овие интерфејси во минатото не се добро прифатени (Windows 8), така што се очекува Microsoft да не претера со редизајнот на Windows 11.

Сепак, една од поистакнатите измени ќе доживее Start менито. Некои корисници изгледа добро ги прифатија овие промени, додека на други не им се допаѓаат.

Microsoft моментно тестира неколку опции, кои на корисниците ќе им овозможат да го прилагодат Start менито во Windows 11.

Според наводите на Microsoft, кај најновата верзија на Windows 11, корисниците можат со десен клик на Start брзо да им пристапат на подесувањата и да ги изберат опциите “More pins” или “More recommendations”, за приказ на дополнителни редови на прилагодување.

Судејќи според се, Microsoft на корисниците не им нуди можност да го вратат Start менито кое го користеле во Windows 10.

Потребно е да се истакне дека оваа опција на редизајниран интерфејс е во фаза на тестирање, во рамките на Microsoft Insider програмата.