Производителот на паметни уреди Wyze сега прима барања за претпродажба на новата, трета генерација на Wyze камерата. Уредот со име Wyze Cam v3 има објектив со f/1.6 отвор на блендата, заедно со новиот Starlight CMOS сензор што значајно ја подобрува сликата во услови на слабо осветлување. Според соопштението на компанијата, v3 може да гледа во околина која е до 25 пати потемна од претходникот, а пропушта низ сензорот двојно повеќе светлина.
Wyze Cam v3 пристигнува со нов процесор, кој сега е два пати побрз, што овозможува потечно прегледување на материјалот во до 20 fps. Исто така, овој модел има и поширока слика, бидејќи објективот опфаќа 130 степени, што е зголемување од 20 стеоени во однос на v2 моделот. Со рејтинг IP65, камерата без страв можете да ја користите и на отворено.
Од другите функции, поседува мини сирена, бесплатно складирање во облак на серверите на компанијата до 14 дена со константно снимање 24/7 со проширување на меморијата со мемориска картичка. Она што е најневеројатно е цената за еден ваков уред, а тоа е само 20 долари.