Microsoft синоќа ги објави деловните резултати за четвртиот квартал од својата фискална година. Во рамките на истите, шефот Сатја Надела се пофали со фактот дека Xbox Series X и S се убедливо најбрзо продаваните конзоли во историјата на Xbox.

Приходите од продажбата на Xbox конзолите во периодот помеѓу април и јули оваа година беа 172 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, што не е изненадувачки, бидејќи во 2020 година тие не продадоа конзоли од серијата Xbox туку само Xbox One, пишува HCL.

Севкупните приходи на Microsoft од гејминг пораснаа за 11 проценти во однос на пролетта 2020. година, но првенствено поради продажбата на конзоли, бидејќи приходите од продажба на Xbox игри и услуги паднаа за 4 проценти.

Од Microsoft не се огласија околу актуелниот број претплатници на Xbox Game Pass. На почетокот на годината официјално објави дека бројот на претплатници достигнал 18 милиони. Во четвртиот месец неофицијално се споменуваше скок на 23 милионио претплатници, но тоа не е потврдено од Microsoft.