Се појавија информации дека е откриен малвер кој цели на програмерите кои креираат апликации за iOS и macOS платформите.

Малверот е преправен во Xcode проект, под името TabBarInteraction. Програмерите кои го преземаат проектот мислат дека тоа се работи за програма на која и треба име, но кога ќе го стартуваат, се инсталира malware backdoor.

Овој малициозен софтвер во суштина е тројанец, што значи дека хакерот ќе може да го шпионира корисникот преку компјутерска камера, микрофон, да го следи пишувањето на тастатурата, како и далечински да поставува и презема фајлови од заразениот компјутер. Се чини дека малверот датира од октомври минатата година, што значи дека веќе некое време е во оптек.

Sentinel One, кој известува за појава на малверот, им препорачува на програмерите да бидат повнимателни со Xcode проектите што ги преземаат, посебно со оние што ги споделуваат со други.