Xiaomi Mi 11 Ultra во последно време доста се појавува во вестите, што не претставува изненадување, бидејќи од телефонот се очекува да понуди врвни перформанси и карактеристики. Изгледа дека системот за ладење ќе биде една од тие премиум карактеристики.
На Weibo мрежата, со-основачот на Xiaomi понуди увид во новиот дизајн на ладење. Иако објавата е на кинески јазик, се сугерира дека Xiaomi Mi 11 Ultra ќе има таканаречена „технологија за ладење во целосна фаза“.
Термалната спроводливост ќе биде подобрена за 100 проценти со спроведување на VC плоча за сушење (вакуумска комора со плоча за сушење). Системот го користи принципот со стандардна парна комора – течноста се загрева, odveduva, се претвора во топол гас, се спроведува до следната комора, каде што се лади во течност и така во круг.
Mi 11 Ultra ќе биде претставен на 29 март, кога ќе ги дознаеме сите детали за системот за ладење на телефонот, како и другите карактеристики на уредот.