Дека Xiaomi сака да се посвети на развојот на автономни автомобили беше најавено уште во март годинава. Тогаш истакнаа дека планираат да инвестираат 1,5 милијарди долари во целиот проект.
Основачот на Xiaomi, Леи Јун, на својот профил на социјалната мрежа Weibo потврди дека проектот го започнале со објавување оглас за вработување 500 експерти кои на Xiaomi би му помогнале да создаде сопствена автономна технологија за паметни автомобили.
Иако нема премногу информации за тоа какви услови треба да исполнуваат експертите, од огласот може да се сфати дека меѓу другото, мора да се занимаваат со развој на податочни платофрми, алгоритми, контролни системи за возила и нивни интерни компоненти, развој на алатки, софтвер, перцепција и многу точни мапи.
Извор: Zimo.hr