Претстојниот Xiaomi Mi 11 премиум телефон беше тема на бројните вести и протечени информации во претходниот период, а сега можеби добивме конкретен датум на објава на уредот. Најпрвин се веруваше дека телефонот ќе биде објавен во јануари, потоа во декември, но сега имаме конкретен датум, а тоа е 29. декември.

Овој датум на објава би му дал право на Xiaomi да се пофали дека Mi 11 е првиот телефон кој е претставен со Snapdragon 888 чипсет. Останува само да се види дали на 29. декември телефонот ќе биде објавен глобално или само за пазарот на Кина.

Се очекува дека Xiaomi Mi 11 ќе има QHD+ 120Hz дисплеј, додека на задната страна се очекуваат 50MP главна камера и 12MP теелфото сензор.

Останатите протечени информации укажуваат на тоа дека Mi 11 ќе има 5000mAh батерија со поддршка за 55W брзо полнење, освежен дизајн на задната страна, како и потенки рамки околу дисплејот.