На почетокот на оваа година, Xiaomi ја претстави Mi 10 серијата телефони, а потоа Mi 10T серијата е објавена глобално. Сега се појавуваат информации за следната премиум линија смартфони на кинеската компанија, а се сугерира дека дизајнот за Xiaomi M 11 е веќе одлучен.
Според наводите од Кина, наводната Mi 11 серија ќе имплементира нов и единствен дизајн. Се истакнува дека дизајнот потсетува на елементите на M3 моделот, а новиот премиум модел ќе има двојно закривен екран и сензор на камерата под дисплејот.
Претходните информации спомненуваа дека Xiaomi Mi 11 серијата ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 875 чипсет, заснован на 5nm процес.
Се очекува дека Mi 11 серијата ќе биде претставена во текот на првото тримесечје 2021. година. Споменатиот чипсет, како и камерата под дисплејот, ќе бидат главните карактеристики на кои Xiaomi маркетиншки ќе се фокусира.
Потребно е да се напомене дека наведените информации, како и пратечките рендери за Xiaomi M11 се непроверени и потребно е да се земат со доза на резерва.