Xiaomi на 28. декември ќе ја претстави M11 премиум серијата смартфони, а телефоните од оваа серија почнаа се почесто да се појавуваат на различни листинзи и во вестите. По тизерот што гоп најави датумот на претставување на серијата, Mi 11 се појави на JD.com и Geekbench со 12GB RAM.

Geekbench податоци откриваат какви перформанси можат да се очекуваат од Snapdragon 888 чипот. Xiaomi Mi 11 на single-core тест оствари 1135 поени, додека на multi-core тест достигнал максимални 3790 поени (нешто подоцна се огласи и дојавувачот Ice Universe, со резултат од 3822 поени на тестот со повеќе јадра).

Според протечените фотографии, предната страна на Mi 11 моделот ќе има закривени рабови, додека во горниот лев агол се наоѓа еден punch-hole отвор за селфи камерата (можно е да е во прашање Mi 11 Pro моделот). На задната страна се гледаат два големи камера сензори, додека третиот е помал и сместен десно од нив. Видливо е дека главната камера ќе има 108MP.

Xiaomi Mi 11 се очекува со 8GB/12GB RAM и 128GB/256GB простор за складирање, како и 100W супербрзо полнење (120W за Ultra моделот).