Xiaomi Mi 11 серијата телефони ќе биде претставена на 28. декември, а Xiaomi ја најави линијата преку интересна карактеристика – видео ноќен режим. .

Objava на Weibo страниците покажува снимка на музичка кутија во темнина. Видеото наводно е креирани со Mi 11 телефонот, а ги потенцира можностите на уредот да снима во услови на слабо осветлување. Исто така, се сугерира и специјален Night видео мод.

Сето наведено е можно благодарение на напредокот во доменот на компјутерското фотографирање. Со оглед на тоа дека се работи за видео кое го компресирала Weibo мрежата, се очекува дека и крајните резултати ќе бидат значајно подобри кога ќе се појави Xiaomi Mi 11.


Во меѓувреме, се појавија фотографии што го прикажуваат Mi 11, а тука се и рендери за четирите варијанти бои во кои ќе биде достапен смартфонот. Фотографиите покажуваат дека телефонот има 12GB RAM и MIUI 12 интерфејс, кој е заснован на Android 11.