Xiaomi официјално го претстави Mi 11, првиот телефон што работи со новиот чипсет Qualcomm Snapdragon 888. Сепак, компанијата не го објави Mi 11 Pro моделот за време на својата виртуелна презентација. Новите протечени информации сугерираат на можен период на објавување на овој телефон.
Според наводите на дојавувачот Digital Chat Station на Weibo, Xiaomi ќе го претстави Mi 11 Pro во Кина по Фестивалот на пролетта. Ова значи дека најавата за телефонот се очекува кон средината на февруари, 2021 година.
Xiaomi Mi 11 Pro се очекува да има телефото камера, што недостасува кај стандардниот модел. Покрај тоа, Mi 11 Pro може да има ултра-широка камера од 20MP.
Mi 11 Pro може да биде сличен на стандардниот модел во доменот на спецификациите на дисплејот. Mi 11 користи 6,81 инчен QHD+ AMOLED дисплеј, со 515ppi, брзина на освежување 120Hz и Gorilla Glass Victus заштита.