Како што сугерираа и неколку извештаи од претодно, Xiaomi се подготвува наскоро да го претстави Mi Mix 4. Смартфонот сега доби TENAA сертификат, со иста 2106118C ознака на моделот, која претходно беше забележана и на 3C листинг.
Новиот TENAA листинг потврдува дека Mi Mix 4 ќе има 8GB и 12GB RAM и до 256GB простор за складирање на податоци. Покрај тоа, телефонот ќе има и dual-SIM 5G конекција.
Гласините од претходно сугерираа дека смартфонот ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, како и дека ќе има поддршка за 120W полнење на батеријата.
На крајот, се верува дека Xiaomi Mi Mix 4 ќе користи MIUI 13 интерфејс и ќе има предна камера под екранот. Најновите информации укажуваат на тоа дека телефонот ќе биде претставен во август, со MIUI 13.