Samsung веќе ги нуди своите процесори на другите производители на Android телефони – Vivo го користи Exynos 980 и Exynos 880 чипови. Јужнокорејската компанија на листата на партнери би можела да додаде уште два производитела од Кина.

Business Koreа известува дека Samsung планира Exynos процесорите да ги снабдува Oppo и Xiaomi во текот на 2021. година, заедно со продолжување на соработката со компанијата Vivo. Се очекува дека Exynos процесорите ќе бидат користени во буџетските телефони на овие производители во текот на првата половина на година.

Xiaomi и Oppo ќе ги користат Exynos чиповите, поради тоа што им се потребни повеќе процесори за да го прошират производството и да ги задоволат потребите на пазарот, настанати со проблемите што го задесија Huawei. Исто така, се верува дека Exynos процесорите на овие производители на телефони ќе им бидат понудени по конкурентска цена.

Samsung планира во текот на ноември да го претстави Exynos 1080 процесорот, кој е наследник на Exynos 980 моделот. Компанијата претходно потврди дека чипсетот ги користи Cortex-A78 CPU и Mali-G78 GPU.