Redmi K50 Gaming е првиот телефон, создаден во партнерство помеѓу Xiaomi и Формула 1 тимот на Mercedes AMG Petronas, а специјалното и ограничено издание ги има беџот и боите на овој тркачки тим.
Како и минатогодишниот модел K40 Gaming, овогодинешниот K50 Gaming има два гејминг тастери. Тука е и хаптичкиот мотор на Xiaomi „CyberEngine x-axis“, како и два JBL звучници. Рамката на телефонот е изработена од метал, додека задната страна е од стакло.
Xiaomi, исто така, разви нов двоен систем на апрна комора, за ладење на чипсетот Snapdragon 8 Gen 1 и другите компоненти за време на долги сесии играње.
Покрај гореспоменатиот премиум чипсет, Redmi K50 Gaming има и 6,67-инчен AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција, стапка на освежување од 120 Hz и заштита од Corning Gorilla Glass Victus заштита.
Redmi K50G Gaming Flagship launched in China: specifications, features, and price https://t.co/8RT025eJj4#Redmi #REdmiK50G #RedmiK50 pic.twitter.com/urnBcytk14
— GIZMOCHINA (@gizmochina) February 16, 2022
Во полето на камерите, на задната страна е достапен главниот сензор Sony IMX 686 од 64 MP, заедно со ултраширок и телемакро сензор од 8 MP. На предната страна е камерата Sony IMX 596 од 0 MP.
Телефонот се напојува со батерија од 4700 mAh, со поддршка за полнење од 120 W, за што Xiaomi тврди дека може да се наполни до крај за само 17 минути. За време на презентацијата беше демонстрирано како телефонот се полни до крај за 37 минути, додека активно се играат MOBA игри.
Xiaomi Redmi K50 Gaming пристигнува во сина, сребрена и црна боја, а тука е и верзијата Mercedes AMG F1.
Телефонот во Кина се продава за почетна цена од околу 520 долари (модел со 8 GB LPDDR5 RAM и 128 GB простор за складирање UFS 3.1). Има и варијанти од 12 GB / 128 GB и 12 GB / 256 GB (околу 567 и 615 долари), како и ограничен модел на Mercedes AMG F1 со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање, по цена од околу 662 долари. Очекувано, цените ќе бидат повисоки кога телефонот ќе стигне на светските пазари.
Извор: B92.net