Xiaomi објави дека на 27. септември во Кина ќе ја претстави новата Civi серија телефони.

Кинеската компанија не објави никакви спецификации за Civi серијата телефони, ниту колку модели ќе ја сочинуваат линијата. На Xiaomi Weibo страницата стои опис дека Civi серијата ќе ја краси „модерен и разновиден дизајн, како и иновативно технологии на фотографирање“, и дека им е наменета на самоуверените млади луѓе.

Се сугерира дека Civi серијата би можела да ја замени постоечката CC линија, а се очекува дека повеќе детали ќе дознаеме следната недела.