Xiaomi планира да им конкурира на ривалите со сопствено решение на полето на паметни очила. Уредот на компанијата ќе биде во состојба да креира фотографии, да прикажува пораки и известувања, извршува повици, нуди навигација и го преведува текстот во реално време пред очите на корисникот.

Xiaomi Smart Glasses уредот има тежина од само 51 грам, а го покренува четиријадрен ARM процесор. Очилата користат MicroLED технологија за обработка на сликата, а компанијата наведе неколку причини за нејзината имплементација. Најпрвин, ова му овозможува на Xiaomi да го намали просторот за дизајн неопходен во структуралниот дизајн, што истои така го прави уредот полесен. Второ, MicroLED овозможува посветли екрани и подлабоки црни тонови, така што е можно да се има поголема густина на пиксели и подолг век со одржување на поедноставна структура.

Дисплеј чипот интегриран во уредот има големина од 2,4mm x 2,02mm и индивидуални пиксели со големина од само 4μm. Фотографиите креирани со очилата, не можат со помош на нив да се прегледаат во боја, бидејќи Xiaomi користеше monohromno решение за дисплејот за да овозможи доволно светло да поминува низ компликуваните оптички структури.

 

Xiaomi не го објави датумот на претставување и цената за својот Smart Glasses уред.