Подлабок увид во најновиот MIUI 12.5 beta build открива дека Xiaomi работи на два нови телефона кои поддржуваат 67W безжично полнење. Овие смартфонисе со кодно име star и mars.
Доказите сугерираат дека едниот од нив би можел да биде сè уште необјавениот Mi 11 Pro, додека другиот и натаму останува мистерија. Двата уреда се поврзани на некој начин едни со други, бидејќи нивните ознаки на моделите завршуваат со K1 и K1A. Исто така, ова би можел да биде истиот телефон, но дизајниран за различни региони.
Интересно е дека овој извештај не се поклопува на претходно протечените информации што сугерираат дека Mi 11 Pro ќе поддржува 80W безжично полнење. Од друга страна, Xiaomi може да работи на 80W безжичен полнач, но можеби телефон со ваква технологија нема да видиме во некое поскоро време.