YouTube објави дека ја проширува својата политика за дезинформации за да ги отстрани лажните тврдења за потенцијалната вакцинација против Ковид 19.

Тврдењата кои се во спротивност со локалните здравствени авторитети, како што е NHS во Велика Британија или Светската здравствена организација, ќе бидат отстране ти. Тоа ги вклучува тврдењата дека вакцината ќе убие луѓе или ќе предизвика неплодност, како и теории на заговор дека микрочипови ќе бидат вградени кај луѓето кои ќе примат вакцина.

Двете теории на заговор беа пропагирани неодамна . Според анкетите, половина од гледачите на „Фокс њуз“ сметаат дека Бил Гејтс сака да ја користи вакцината за коронавирус за да имплантира микрочипови кај Американците за глобален надзор.

Во Лондон, демонстрантите против „заклучувањето“ и вакцинацијата се собраа на плоштадот Трафалгар, тврдејќи дека коронавирусот е измама и дека владините мерки треба да бидат запрени.

YouTube веќе отстранува одредени дезинформации за коронавирусот. Тоа вклучува тврдења дека вирусот не постои, содржина што ги обесхрабрува лу ѓето да бараат медицинска помош или содржина што ги оспорува локалните здравствени совети.

YouTube не е единствениот технолошки гигант кој се бори да ги спречи дезинформациите за коронавирусот. Компаниите за социјални медиуми отстранија само два проценти од пријавените објави што шират дезинформации за вакцините, покажуваат студиите. Facebook соопшти дека ќ е з абрани реклами на својата платформа што обесхрабруваат вакцинирање, со исклуч ок на р екламите за владините политики за вакцинирање. Twitter додаде и нови ознаки и предупредувачки пораки за „да обезбеди дополнителен контекст и информации“ на твитовите со „контроверзни или погрешни информации“ за коронавирусот. Сепак, дезинформациите на Facebook се уште се полоши отколку што беа за време на претсе дателските избори во САД во 2016 година и се зголемија во 2020 година.

Извор: B92.net