Најголемата заработка од YouTube моментно доаша од претплати и реклами. Меѓутоа, тоа можеби наскоро ќе се промени. Имено, се појавија извештаи дека Google бара од популарните автори да ги тагнуваат производите што ги претставуваат во своите видеа. Наводна причина за тоа е што компанијата планира да ги искористи тие линкови за поврзување со купување и аналитика. Конечната цел би била YouTube да стане дестинација за купување, на која би можеле да се видат рецензии на производите во видео форма и на истото место да бидат достапни за купување. Со тоа на ум, на големо се тестира и интеграцијата со e-commerce платформата Shopify.

Од YouTube пристигна и официјална потврда дека се тестираат некои од e-commerce опциите и потенцијали, но не е дадено никакво подетално објаснување.

Влезот на e-commerce пазарот би можел да има смисол за YouTube. Гледано од технолошка страна, ова е платформа со најголем број рецензии на производи и идеално би било тие да се конвертираат во продажба. Тоа е веројатно и главниот двигател Google да се впушти во овој чекор, што би можел многу брзо да го претвори во една од најголемите онлајн продавници на светот.