Пет месеци откако е најавена функцијата, Zoom воведе end-to-end енкрипција, за која се вели дека е бесплатна и за премиум корисниците и за оние кои не плаќаат. Стандардно, Zoom состаноците и вебинари користат AES 256-битна GCM енкрипција за аудио, видео и споделување во апликацијата.
Кога е вклучен E2EE, никој освен учесникот не може да пристапи до клучевите за енкрипција што се користат за енкриптирање на состаноците. Тие, како што велат, дури немаат пристап ни до серверите на Zoom.
Меѓутоа, некои функции нема да бидат можни додека се користи енкрипција, односно со енкрипцијата се исклучуваат, а тоа се: корисникот да се пријави на состанокот пред домаќинот, снимање од облак, стриминг, транскрипција во живо, breakout rooms, polling, приватени чет разговори 1:1, но и meeting reactions.
Фазата 2 на E2E енкрипцијата ќе биде во тек вои 2021. година, најавуваат од компанијата. Оваа енкрипција може да се вклучи преку апликациите на PC или Mac, а доаѓа и на iPhone и iPad штом Apple ќе го одобри ажурирањето.