Zoom неодамна објави дека ги подобрува своите безбедносни практики, бидејќи е откриено дека ги мами своите корисници со години, нудејќи end-to-end енкрипција.
Иако стана попопуларен уште од почетокот на пандемијата (бројот на корисници порасна од 100 на 300 милиони во април), сервисот Zoom постои веќе неколку години. Барем од 2016 година, платформата ги натера корисниците да веруваат дека се безбедни благодарение на 256-битна end-to-end енкрипција, но нивото на безбедност било значително пониско.
FTC (Федерална комисија за трговија) поднесе жалба за овој вид измама и покрај тоа што неодамна се дозна дека долго ветуваната end-to-end енкрипција навистина пристигнува во услугата. Со истрагата е утврдено дека платформата не ја нудела ветената услуга за Zoom состаноци надвор од Coonecter понудата, која се чувала на серверите на корисниците, бидејќи ма серверите на компанијата се чувале криптографски клучеви, со помош на кои сервисот можел да им пристапи на содржините кои се во врска со одржаните видео состаноци.